Свет
12. February 2024 - 9:05

Украина соопшти дека уништила 14 од вкупно 17 дронови лансирани од Русија

– Украина уништи 14 од 17 дронови лансирани од Русија, соопштија украинските воздухопловни сили. Уништена е и една крстосувачка ракета Х-59.

Русија врз Украина исто така истрелала проектили земја-воздух со долг дострел од системите С-300.

Украинските сили досега не информираа колку такви проектили биле истрелани или дали погодиле некоја цел на украинска територија.