Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област

Украина изврши напад врз нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област и предизвика „големи оштетувања поради избувнатиот пожар“, соопшти на „Телеграм“ командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди.
Нафтоводот „Дружба“ се користи за транспорт на руска сурова нафта кон Унгарија и Словачка, кои продолжуваат да ја купуваат од Москва и покрај тоа што поголемиот дел од земјите на Европската Унија ги стопираа набавките поради војната во Украина.
Киев објасни дека нападите врз руските енергетски инфраструктурни објекти се одговор на континуираните руски напади и имаат цел да ги ослабат воените напори на Москва.
Испораките на нафта кон Унгарија и Словачка во изминатите недели неколкупати беа прекинати поради украински удари, по што, особено остро, реагираа унгарските власти.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
