-->
-->
Украина со 650 дрона ја нападнала московската област, 105 уништени на приодите кон Москва
-->

Вкупно 650 украински дронови ноќеска биле искористени за напад врз московската област, од кои 105 биле уништени на приодите кон Москва, соопшти градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.
„Во периодот од 20:30 часот на 5 октомври до 5 часот изутринава на 6 октомври, кон московската област летале 650 дронови. Голем дел од нив биле уништени од силите на противвоздушната одбрана на оддалечените одбранбени линии. На приодите кон Москва биле уништени 105 дронови“, напиша Собјанин на својот канал на мобилната апликација „Макс“.
Според руските медиуми, станува збор за еден од најголемите напади со дронови врз руската престолнина во последните две години.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
