Украина: Руските сили почнале офанзива во Доњецк

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека руските сили почнаа голема офанзива во регионот Доњецк, источна Украина.
– Непријателот спроведува офанзивна операција во правец на Бахмут и Авдивка во регионот на Доњецк. Целта на притисокот е да се позиционираат руските сили за напад врз Соледар и Бахмут и да ја прошират руската контрола западно од градот Доњецк, се наведува во извештајот на ГШ на украинската армија.
Во извештајот на ГШ се наведува дека нападот на руските сили кај Бахмут бил неуспешен и дека борбите продолжуваат на приодите кон Авдивка, северно од градот Доњецк.
Соледар и Бахмут се дел од одбранбената линија источно од големите градови Славјанск и Краматорск, каде пред војната живееле повеќе од половина милион луѓе. Тоа е последниот регион, што сè уште е под контрола на украинските сили во поширокиот источен регион Донбас.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
