Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, соопшти синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа.
-Ти ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија.
Стануваше збор не само за вооружени системи но и дополнителна помош за нанесување удари по руски воени лица, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД генерал Чарлс Браун.
Исто така, Киев го побарал од Вашингтон да дозволи користење американско оружје за удари по територијата на Русија.
Барањето се случува откако Русија го искористи доцнењето на испораките на американско оружје со што нејзините сили извршија пробив во Харковска област, што стана најуспешната операција на Москва во изминатите година и пол.
Барањето на Киев поставено минатата недела сеуште се разгледува.
Ако САД го задоволат барањето на Украина тоа ќе укажува на сериозни промени во политиката на американската администрација која се стреми да го намали ризикот од ескалација меѓу Вашингтон и Москва истовремено подржувајќи го Киев, истакнува изданието.
Според извор во Белата куќа, САД не ја подржуваат иницијативата на украинската страна-Ние не охрабрувае и не дозволуваме удари по територијата на Русија, изјава Џон Кирби, директор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност во Белата куќа.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски