Украина ноќеска со дронови нападнала нафтени и енергетски постројки во западна Русија
Украина ноќеска со беспилотни летала нападнала нафтени и енергетски постројки во западна Русија, објавија руските власти.
„Урнатините од уништената зграда предизвикаа пожар во индустриски погон во градот Кстово“, напиша на Телеграм Глеб Никитин, гувернер на Нижегорската област, која се наоѓа источно од Москва.
„Според прелиминарните податоци, нема жртви“, додаде Никитин, без да даде дополнителни детали.
Според „База“ – информативен канал на Телеграм близок до руските безбедносни служби, во Кстово гори рафинерија за нафта.
„Цивилните објекти во различни области на регионот Смоленск се под масовен напад со беспилотни летала“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот, Василиј Анохин.
„Едно од беспилотните летала е соборено при обид за напад на нуклеарен објект“, додаде Анохин. Според него, нема жртви или материјална штета.
Соборени се 26 беспилотни летала над областа Брјанск, која граничи со Украина, а властите во областа Твер известија дека таму биле пресретнати 20 украински беспилотни летала.
Нема информации за повредени или материјална штета.
Руската агенција за воздушен транспорт „Росавијација“ соопшти дека ги суспендира сите летови на аеродромот во градот Казан, главен град на Република Татарстан.
Градот се наоѓа на околу 830 километри источно од Москва.
Ново на Сител
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините