Украина без струја по руски напади

Во речиси цела Украина нема електрична енергија поради штети од руски напади, соопшти денеска операторот на мрежата.
– Поради сложената ситуација во енергетскиот систем на Украина, електричната енергија е итно прекината во сите региони, освен во Доњецк, на исток, соопшти операторот на електрична енергија Укренерго преку Телеграм, повикувајќи ги граѓаните да ја користат електричната енергија штедливо доколку сè уште ја имаат.
Во тек се поправки за враќање на електричната енергија во сите области погодени од бомбардирањето.
Синоќа, прекини на електричната енергија веќе беа воведени во осум од 24 украински региони.
Приватниот оператор ДТЕК, исто така, пријави прекини на електричната енергија во неколку области, вклучувајќи ги Лавов на запад, Одеса на југ и главниот град Киев и неговата околина.
Во последните недели, Русија ги интензивира своите напади врз енергетиката и железничката мрежа.
Минатата недела имаше прекин на електричната енергија низ цела Украина, а во еден дел од главниот град траеше неколку часа.
МИА
Ново на Сител
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
-

Министерство за здравство: Епидемиолошката состојба во Гостивар стабилна
-

Нема нови случаи на западнонилска треска, последните суспектни случаи се негативни
