Украдените 60 кг дрога пронајдени во викенд куќа во с.Врбоец
Вчера (19.12.2020) од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од ОВР Прилеп се лишени од слобода Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога.
Имено, поради постоење основи на сомнение дека во викенд куќа во с.Врбоец, крушевско, се наоѓа поголема количина наркотична дрога марихуана, за која постои сомнение дека е одземена од простории на правно лице од крушевско за производство на медицински канабис, со наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во викенд куќата, при што се пронејдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана. При претресот било затекнато едно лице кое се дало во бегство, но за кратко време било лишено од слобода, при што е констатирано дека станува збор за Т.С.(22) од Скопје.
Исто така, со судска наредба од Основен суд-Крушево, претрес бил извршен и во изнајмени соби од сместувачки објект во Крушево, во кои престојувале лицата: В.К., Р.К., Л.С.(23) и Т.С., при што биле пронајдени и одземени масло од хашиш и марихуана. В.К. и Р.К. биле лишени од слобода.
На приведените лица, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, им е одредена мерка притвор, по што од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение дека како организирана криминална група сториле кривично дело предвидено и казниво по член 215, ст.3 од Кривичниот законик.
Истрагата на Одделот за криминалистичка полиција продолжува и во текот на денешниот ден, во соработка со Министерството за здравство, при што во моментов се врши инспекциски надзор на правното лице за производство на медицински канабис.
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница