Украдени девизи и накит од куќа во тетовското село Стримница
Штета од околу 600 илјади денари претрпел Р.Р. (60) од тетовското село Стримница по тешката кражба што засега непознати сторители ја извршиле во помошна просторија од неговата куќа во селото, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, кражбата била извршена синоќа меѓу 19 часот и 20 часот и 20 минути додека Р.Р. со најблиските биле на гости кај нивни роднини.
- Откако насилно ја отвориле пластичната влезна врата од помошната просторија сторителот или сторителите без да пребаруваат и претураат во внатрешноста од под кревет одзеле женска чанта во која имало 3.200 швајцарски франци, 200 евра и повеќе парчиња разновиден златен накит - ќустек, алки, лири, алки, комплети, прстени и друго, по што незабележани ја напуштиле просторијата противправно стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 600 илјади денари.Втората чанта во која имало документи ја ставиле на другиот кревет и не ја одзеле, рече Јосифовски.
Додаде дека по извршениот увид се преземаат мерки и активности за расветлување на случајот и откривање на сторителите.
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот