Македонија
16. July 2024 - 16:46

Укинувањето на економските директори оди на седница, за Европскиот фронт тоа е етничко прашање

Пратениците дадоа зелено светло законските измени за укинување на 40 економски директори во болниците да одат на пленарна седница. Собраниската комисја за здравство ја потврди потребата од донесување на ваквите измени во прво читање.

Од власта велат дека на овој начин ќе се рационализира менаџирањето на здравствените установи, но и ќе се заштедат пари кои потоа можат да се инвестираат за подобри здравствени услуги.

Поддршка дадоа и пратениците на опозициската СДСМ иако тие имаат дилеми дали освен штедење со измените ќе се постигне и нешто друго.

Сепак, ваквата рационализација според Европскиот фронт предводен од ДУИ имал етнички предзнак, бидејќи се укинувале места каде најчесто функцинери биле Албанци. Пратеничката Илире Даути од крилотот на Села го обвини министерот и за тоа зошто закнот не бил двојазичен.

Наредна фаза за намалување на бројот на директори е интегрирање на сите скопски киники во еден клични центар, со еден наместо со 35 директори како досега. На ваквата најава реагираше Илир Демири кој смета дека еден директор не може да организира се, и дека треба некои клиники да останат самостојни, со свои директори.