Македонија
26. January 2019 - 13:46

Укинати забраните за сообраќај на камиони на патот Маврово – Дебар и Дебар – Струга

Од 13:05 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат и дека од 13:15 часот се укинува и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.