Укинати забраните за камиони, магла и слаб снег на дел од патиштата
Укинати се забраните за тешки товарни возила што беа воведени на патните правци Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово-Дебар.
Поради појава на магла утринава има намалена видливост од 50 до 60 метри на патот Тетово - Попова Шапка, до 50 метри на патот Делчево - граничен премин Делчево и до 100 метри во Крушево.
Авто мото сојузот на Македонија утринава соопшти дека снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот превој Стража, а во Гостивар врнежите се од дожд и снег.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, додека на повисоките планински места во западните и југозападните делови од државата, по интервенцијата на екипите на „Македонија пат“ има остатоци од кашест снег, но тој не е пречка за сообраќајот.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино