Укината затворската казна за рускиот опозиционер Илдар Дадин

Рускиот Врховен суд нареди ослободување на опозиционерот Илдар Дадин, кој беше првиот затвореник во Русија што беше осуден според новиот закон за протести, јавуваат московските медиуми.
Судот оценил дека кривичното дело против него ќе биде отфрлено и дека тој има право на рехабилитација.
Дадин беше уапсен и осуден прво на три, па потоа на 2,5 години затвор, за учество во повеќе протести.
Во ноември минатата година, тој тврдеше дека во затворот, во северозападна Русија бил изложен на тортура. Властите ги отфрлаа ваквите обвинувања, но подоцна тој бил префрлен во друг затвор.
Ваквата одлука на Врховниот суд доаѓа по решението на Уставниот суд на Русија , донесен на почетокот од овој месец, за тоа дека „случајот Дадин„ треба однво да биде разгледан.
Овој руски опозиционер беше осуден според новиот закон со кој учество во неодобрени протести се третира како кривично дело.
И покрај неговото ослободување, контроверзниот закон останува во сила, сега со толкување на Уставиот суд дека судовите треба да земаат во предвид секоја ситуација, особено дали протестот претставува закана за пошироката јавност.
Илдар Дадин е единствениот досега, кој е затворен у осуден според овој закон.
Ново на Сител
-

Одбележан денот на Алцхајмеровата болест
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
