Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

Вечерва во 18:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, што беше воведена во 15:50 часот поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија.
Претходно од АМСМ информираа дека во 18:15 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, која беше воведена во 15 часот поради врнежи од снег.
Од „Македонијапат“информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
„Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Ново на Сител
-

Мадуро денеска пред федералниот суд на Менхетен ќе ги слушне обвиненијата за наркотероризам
-

Се воведува е-фактура
-

Се прават последните подготовки за Бадник и Божиќ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
