Укината забраната за камиони на Плетвар, останува на Стража и Пресека

Од 10.50 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат. Забраната беше воведена утрово во осум часот од превентивни причини поради обилни врнежи од снег.
Поради снегот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Охрид - Гостивар на планинските превои Стража и Пресека, како и на магистралниот пат Гостивар - Дебар, од Мавровска крстосница кон Дебар, и на патниот правец крак Маврово - Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.
Патниот правец Македонски Брод - село Здуње на кој гравитираат 11 села не е прооден за секаков вид сообраќај.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Ново на Сител
-

Гвардиола: Задоволен сум од тоа како Сити играше против Брајтон
-

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн
-

Трамп со декрет ги повлекува САД од 66 меѓународни организации
-

На Попова Шапка 31 сантиметар снег, најмногу дожд во Крушево, Охрид и Претор
-

Фулам поднесе жалба за голот од „офсајд“ на Ливерпул
-

Барселона прв финалист на шпанскиот Суперкуп
-

Милан го продолжува договорот со голманот
-

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата
