Македонија
31. August 2021 - 15:04

Укината казната од 19 години затвор на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Апелација ја укина првостепената осудителна пресуда која и беше изречена на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо, дознава „А1он“.

Адвокатот Еленко Миланов кој ја застапуваше обвинетата пред Кривичниот суд, за „А1он“, вели дека го добил известувањето за укинувањето на пресудата. Тој вели дека судиите ги уважиле жалбите и утврдиле погрешно утврдена фактичка состојба, како и суштествена повреда на постапката.

Кривичниот суд донесе пресуда за обвинетата Ангела Ѓорѓиевска, која беше обвинета за убиството на Пинета Секондо. Судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години.

Во пресудата се наведува дека Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството на Секондо, кое според доказите го сторил обвинетиот  Али Фуркан,  кој е во бегство.

Во обвинителниот акт против Ѓорѓиевска беше наведено дека на 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо-Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“, носејќи со себе огнено оружје – пушка.

„Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот ‘шкода’ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.