-->
-->
УКИМ ќе го менува Статутот за да се усогласи со новиот закон
-->
- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во рок од три месеци треба да направи промени на Статутот со што ќе се усогласи со Законот за високо образование, што го изгласа Собранието пред три дена како дел од пакетот реформски закони.Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски денеска изјави дека периодот за усогласување е кус и оти секогаш има можност за подбрување на секој закон.
- Како Универзитет имаме законска обврска да се усогласиме со новиот Закон. Тоа значи дека во најскоро време треба да направиме промени, во рок од три месеци, што сметам дека е малку време да се усогласиме со новиот Закон односно да направиме промени во Статутот, изјави Јанкуловски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на Денот на високото образование на УКИМ што се одржува во кампусот на техничките факултети.
Главни цели на Законот за високо образование, што беше усвоен пред три дена од Собранието како дел од пакетот на реформски закони, се квалитетот на образованието и автономија на универзитетите.
Новини што ги донесува законот се формирање агенција за квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одборот за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми).
Се намалуваат мандатите на ректорите и деканите – од четири на три години. За деконцентрација на моќта на ректорите се воведува нов модел на нивниот избор – со непосредно гласање на професорите на факултетите и на институтите за предложените кандидати. За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образование, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
