УКИМ ќе бара почитување на авторските права, откако бугарски универзитет со исто име доби дозвола за работа во Македонија
УКИМ добива бугарски близнак. „Свети свети Кирил и Методиј“ е универзитет од Велоко Трново кое доби одобрение од Владата за да врши високообразовна дејност во Македонија.
Од Владата велат дека одобрение дале по претходно позитивно мислење од Одборот за акредитација на високото образование. Бугарскиот универзитет ќе може да врши високообразовна дејност на некој од светските јазици.
Одборот, пак, позитивно мислење дал уште кон крајот на април.
- Странската високообразовна установа великотрновски Универзитет „Св.Св.Кирил и Методиј“, Велико Трново, Република Бугарија, ќе почне да врши високообразовна дејност на територијата на Република Северна Македонија, по запишување во Централниот регистар на Република Северна Македонија, како установа, и во Регистарот на високообразовни установи што го води Министерство за образование и наука, велат од Владата.
Нејасно е како е дадено зелено светло за универзитет со ова име со оглед на државниот УКИМ.
Ректорот Никола Никола Јанкуловски вели дека на УКИМ за името и обележјата му е признато правото на трговска марка и е заштитено со Заводот за индиструска сопственост. Појаснува дека ако се изврши повреда на правата ќе реагираат по легален пат.
- Во тој момент ќе ги искористиме расположливите правни лекови согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриската сопственост и евентуално и меѓународните прописи кои ја регулираат оваа материја, вели Јанкуловски во писмена изјава за Сител.
Бугарскиот универзитет ќе основа заеднички студиски програми со Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар