Македонија
19. August 2022 - 16:36

УКИМ ги отвори вратите за студентите

Помала заинтересираност има кај матурантите во споредба со изминатите 10 години вели деканот на филозофскиот факултет. Професор Ратко Дуев како причина го посочува заминувањето на студентите од државата и верува дека оние студенти кои одбрале да студираат на филозофскиот факултет, одлучиле и да останат во државата. И во вакви услови се трудат да им ги доближат европските искуства на студентите и работат на модеризација и дигитализација.

 
За разлика од филозофскиот на машинскиот факултет има интерес и очекуваат бројка од околу 300 студенти, како и во изминатите години.

Универзитетот Св. Кирил и Методиј денеска организираше отворен ден на секој од факултетите. Овие денови кои традиционално се организираат секоја година имаат за цел да ги запознаат матурантите со своите професори и други студенти – колеги, да прашаат за студиските програми, можностите за стипендирање, меѓународната размена и за кариерните можности.