Бизнис
31. May 2018 - 19:42

УЈП предупредува: Угостителите ги стронираат оставените фискални сметки и ќаруваат милиони денари

Угостителски објект во Скопје за еден месец сторнирал над 4 100 фискални сметки. Нивниот износ надминува 16 000 евра. Сторнираните фискални сметки стануваат тренд кај бизнисите  за затајување на данок и  од УЈП велат дека ваквото изигрување на Законот е  алармантно. Од друга страна од Управата признаваат дека фискалните сметки не се издаваат редовно со што расте сивата економија во земјава.

Лукаревска појаснува дека сторнирањето законски не се казнува и е дозволено. Но во случаите кога инспекторите ќе увидат дека е повеќе од вообичаено наоѓаат други начини да утврдат дека овие даночни обврзници го изиграле законот.

Највисок износ на разлика во каса  од над 1300 евра е евидентиран во Охрид. Од споведените контроли на инпекторите  во месец април и мај најмногу неправилности имало во Скопје а најмалку во Делчево и Македонска Каменица.

Од Управата информираат дека уште се подготвуваат измените во казнената политика. Но не откриваат што точно ќе донесат тие. Сега казните се движат од 1 500 до 5 000 евра за правните лица.