УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е вторник, 25 февруари.
Според УЈП, до вчера, до крајот на работниот ден, од очекуваните 7 396 ДДВ пријави, поднесени се 1 862 што е 25 отсто од вкупниот број за овој даночен период.
-Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, односно остануваат да се поднесат уште 5 534 ДДВ – 04 пријави. Апелираме, сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес, казни и дополнителни финансиски трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата, наведува УЈП.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 0800 33 000 и 02 3253 200.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола