Македонија
8. April 2020 - 13:17

УЈП ќе прима странки од девет до 12 часот

Оваа промена е согласно Одлуката за утврдување на распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа и воведување на забрана на движењето за сите граѓани на ниво на целата територија на Македонија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Управата за јавни приходи апелира даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги.