УЈП го одложи генералниот штрајк
Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи донесе одлука да го одложи генералниот штрајк што беше закажан за денеска, а се должи на одложувањето на процесот на помирување, бидејќи назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање. Секојдневниот протест во траење од два часа не е одложен. Во своето образложение Јовевски навел дека е во странство и дека не може да се врати во земјава во рокот од три дена за преговори со Министерството за финансии.ж
Синдикатот во УЈП затоа најави дека сега ќе мора да предложат друг преговарач и за тоа да се информира Министерството за труд и социјална политика.
Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии.
Вицепремиертот Фатмир Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот