УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности

Сувото време без врнежи од дожд изминатата седмица овозможи одлични услови за земјоделски работи на отворено, кроење на лозата и овошките, пред се на праската, како и подготовка на површините за градинарско производство.
- Сувото време ја дехидрира почвата во површинскиот слој со што постепено се овозможува влегување со механизација во нивите и изведување на првата прихрана на есенските посеви со азотни минерални ѓубриња, кое треба да се изврши во овој период од развојот, велат од УХМР.
Според Управата, влажниот бран што ќе ја зафати Македонија во текот на викендот кратко ќе ги прекине овие активности, но стабилното и суво време во текот на наредната недела земјоделците мораат да го искористат за активностите кои се актуелни во овој период од годината.
- Со пролетното кроење, делумно се санираат оштетувањата кај виновата лоза. Температурите на воздухот во утринските часови од -2 до -3 степени воопшто не им пречат на културите, напротив ги одржуваат во состојба на мирување, што е сепак добро, ако се земе предвид дека зимата се уште трае, додека дневните температури од 15 до 16 степени не се сериозна закана за почнување на вегетацијата, додаваат од УХМР.
Утре претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините постепено ќе поминуваат во снег, особено попладне. Во недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови и со повремен снег.
Интензитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 литри на метар квадратен, а во понеделник претпладне ќе престануваат. Во недела и понеделник ќе има благо опаѓање на дневната температура која ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Ново на Сител
-

Политико: На Франција и се заканува должничка криза, социјални немири и политичка неизвесност
-

Европскиот печат за изборите во Србија: Победата на студентите е шлаканица за Путин, но и за европските лидери
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
