Македонија
14. јуни 2017 - 21:21

УХМР со нови информации, потоп во Скопје и Демир Капија

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 35 Гевгелија, Д. Капија, 34 Струмица, 32 Скопје, Битола, Штип, 31 Прилеп, Виница, 30 Кр. Паланка, Тополчани, Претор, 29 Охрид, 28 Пожаране, Берово, 27 Ѓуриште, Маврово, 25 Лазарополе.
 
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 12 часа, до 20 часот: 8 Скопје-Петровец, Д.Капија, 5 Скопје-З.Рид, 4 Гевгелија, Прилеп,3 Штип, Виница, 2 Струмица, КР.Паланка, Берово..
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне преовладуваше сончево и топло време. Попладне се спушти голема нестабилна облачна маса од север која во Скопје и Скопската котлина предизвика невреме со пороен дожд, грмежи, град и засилен ветер.
 
На Зајчев Рид градот почна да паѓа во 17:04 ч. и траеше 7 мин. Малку подоцна невреме имаше и во Велес, Св. Николе, а потоа во Тиквешкиот регион и во Прилеп.
 
Во Скопје, Прилеп и Битола дуваше засилен северен ветер со брзина од 50км/ч. Потоа нестабилноста се движеше кон југоисточните делови од земјата, а веќе атмосферата насекаде се стабилизира.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно, претпладне и околу пладне во западните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Минималната температура од 11 до 20, а максималната од 23 до 32 степени. УВ=6 
 
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за краткотрраен пороен дожд и грмежи. Температура од 17 до 30 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота.За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.