Македонија
30. July 2017 - 17:06

УХМР: Следува многу жешко време, со температури околу 40 степени

Следува период на претежно сончево и многу топло време. Утре во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло ќе биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура се очекува да го надмине и 40-тиот степен.