УХМР: Се зголемува нивото на Охридското Езеро

Нивото на Охридското Езеро е за 3 сантиметри под дозволената минимална кота. Дебелината на крајбрежниот мраз на Преспанското Езеро изнесува 4, а на Дојранско 1,5 сантиметри, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
За разлика од денеска нивото на Охридското Езеро во изминатите денови беше за 4 до 5 сантиметри пониско од дозволената минимална кота.
- Темературата на водата во природните езера утринава во 7:30 часот изнесуваше 6 степени целзиусови на Охридското Езеро на мерното место во Охрид, 2,5 степени во мраз на Преспанското Езеро кај Наколец и 1,8 стпени во мраз на Дојранското Езеро на мерното место во Нов Дојран, соопшти УХМР.
Отаму посочуваат дека денеска водостојот на реката Вардар во Јегуновце, Скопје и Велес е пвоисок, а во Демир Капија понизок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај сите други реки кај кои се врши мерење е понизок.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
