УХМР: Се покачуваат водостоите на реките

Водостоите на реките во земјава се покачуваат и имаат тенденција на натамошно покачување, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму поради појавата на високи водостои препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.
- Автоматските станици бележат покачувања на водостоите. Во Јегуновце утрово во 6:30 водостојот изнесува 190 сантиметри и има тенденција на покачување, соодветно на тоа очекуваме покачување и во Радуша. На реката Пена над Тетово водостојот измерен утрово во 6:30 изнесува 132 сантиметри, има тенденција на покачување. На станицата кај Бошков Мост (р.Радика) водостојот утрово измерен во 5:45 изнесува 130 сантиметри, а водостојот на Сатеска кај Ботун изнесува 116 сантиметри, со тенденција на покачување. На реката Голема кај Ресен водостојот изнесува 106 сантиметри (измерено во 6:15) со тенденција на покачување, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
