УХМР: Се очекуваат и понатаму релативно високи водостои

Водостојот на Вардар кај Јегуновце и Радуша, на Пена кај Тетово, Треска кај Македонски Брод, Боротонски Блато во Боротино, Голема Река во Ресен, Радика кај Бошков Мост и Сатеска кај Ботун утрово имаат највисоки водостои. Бележат зголемување во однос на претходниот ден и до над 100 сантиметри.
Според мерењата, водостојот на Вардар кај Јегуновце е 192, кај Радуша 198, на Пена е 140, на Треска е 188, Боротинско Блато 260, Голема Река 167, Радика 169 и Сатеска 168 сантиметри.
Од УХМР очекуваат и понатаму релативно високи водостои, но со тенденција на намалување во горните делови од сливовите и пренесување на врвот на големата вода во низводните текови.
Поради високите водостои на водотеците има појави на локални излевања кај реките во северозападните и западните делови од Република Македонија, и појава на заезерени површини во рамниците.
УХМР предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците во сливовите на реките Треска, Вардар во Гостиварско и Тетовско, Црна во Крушевско, Прилепско и Битолско, Сатеска, Радика, Црн Дрим, Преспанско..
Ново на Сител
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
-

Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Се намалуваат коефициентите за пресметка на функционерските плати
-

Совет на јавни обвинители: Не е во ред Филков да ги прозива судиите и обвинителите со име и презиме
-

СДСМ: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено
