УХМР предупредување за можни излевања на реките во Македонија
Водостојот на природните езера во Македонија е непроменет, а кај реките се забележува негово зголемување, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
- Најголемо покачување на водосотојот бележиме во сливовите на реките Радика, Треска, Сатеска и Црна Река, а во останатите сливови бележиме благи до умерени покачувања. Како последица на топењето на снегот очекуваме зголемени водостои на сите водотеци во државата. Поради позитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд и топење на снег предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено во сливовите на реките Треска и Радика, велат од УХМР.
Според нив, најголем пораст на водостојот од 56 сантиметри утринава во 8 часот има реката Вардар кај мерната станица Јегуновце. Нивото на Вардар пораснало за 29 сантиметри на мерното место кај Зајчев Рид во Скопје и за 5, односно 4 сантиметри кај Велес и Демир Капија.
Значително зголемување на водостојот од 46 сантиметри има и Црна Река кај мерното место Новаци.
Намалување на нивото од 5 сантиметри од вчера до денеска е забележано кај Радика, а од 2 сантиметри Крива Река. Кај сите други реки кај кои што се вршат мерења нивото на водостојот се зголемило или, пак, останало на истото ниво како вчера.
Ново на Сител
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител