УХМР предупредува: Ноќеска потоп, се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен

Во текот на ноќта времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен. Во другите делови ќе има послаби и локални врнежи од дожд.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, од радарскиот центар во Тополчани добиени се радарски слики на кои се забележува дека во моментов врнежи со голем интензитет се забележуваат во делови на Полог и територијата западно од Скопје.
- Поради можноста од продолжена појава на поројни врнежи во овие делови на Република Македонија, а и пошироко во западните и источните делови на државата, предупредуваме на внимателност поради можна појава на брзо растење на водните нивоа на помалите реки и суводолиците, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
