УХМР: По престанокот на дождовите притисокот врз реките и суводолиците се намалува
Како последица на заемното дејство на врнежите и топењето на снегот особени покачувања на водостоите се јавија во сливовите на реките Треска, Радика, Црн Дрим и горните текови на Вардар и Црна Река, а појави на излевање имаше во Тетовско, Кичевско и Охридско, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму посочуваат дека големи излевања и поројни поплави има во кичевскиот регион и по течението на реката Треска, полошкиот регион и притоките на реката Вардар, а тоа, како што велат е потврдено и од Центарот за управување со кризи.
- Со престанување на врнежите притисокот врз реките и суводолиците се намалува, но се уште бележиме релативно високи водостои и локални излевања на реките Треска и Вардар. Новите податоци покажуваат намалување на водостоите во погорните делови од сливовите, и тоа на реките Радика, Сатеска, Голема Река, Пена, а во 17 часот имаме информација и за постепено намалување на водостојот на Треска кај Македонски Брод (од 300 на 285 цм), Вардар кај Јегуновце (од 198 на 195) и Радуша (од 198 на 196), соопшти УХМР.
Поради високите водостои од УХМР и понатака препорачуваат внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.
Ново на Сител
-

Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра на пристаништето во грчкиот град Патра
-

Маж и жена се истепале за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Лишена од слобода кавадарчанка по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
-

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
