-->
-->
УХМР: Од утре нов температурен шок
-->

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 3 Маврово, Прилеп, 4 Битола, 10 Тополчани, 15 Дебар, 16 Крушево, 17 Лазарополе.
Времето денес: Во северните делови ќе е сончево со мала до умерена облачност. Во јужните и западните променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Преку ноќта ќе започне од север да дува посвеж северен ветер поради кој нестабилност се очекува уште од следнава ноќ.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=7.
Во Скопје температура до 30 °C.
Поради спуштање на постудена воздушна маса кое ќе започне преку ноќта, појава на нестабилност се очекува уште во ноќните часови. Утре во текот на денот ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните и крајните источни делови. Појава на слаб дожд попладне ќе има и во недела особено на југот.
Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе е со послаб интензитет и температурите ќе се во пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
