УХМР: Нема опасност од излевање на поголемите реки
Врнежите од дожд во изминатите 24 часа не претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во државата. Водостојот е далеку од граничниот праг на излевање, соопшти утринава Управата за хидрометеролошки работи.
- Иако на некои водотеци се очекува зголемување на водостојот, сепак поголемите реки се далеку од граничниот праг на излевање и нема опасност од нивно евентуално поплавување. Врнежите кои паднаа во изминатите 24 часа најобилни беа во југоисточниот дел на земјава (Берово 43 мм, Гевгелија 41мм, во Струмица и Демир Капија по 18 мм), но според информациите од метеоролошките станици не беа со силен интензитет и за подолг временски период се сливаа во речните сливови, што со оглед на моменталните ниски водостои не претставува никаква опасност за водотеците низ земјава, појаснува УХРМ.
Оттаму посочуваат дека единствена опасност и закана од можни локални излевања може да бидат само силно интензивни врнежи кои за кратко време би наврнале во сливните подрачја на помалите реки и суводолиците. - Ддоколку во текот на ноќва паднат врнежи со ваков силен интензитет и бидат сконцентрирани на помалите сливови можно е брзо надоаѓање на водите во помалите реки и суводолиците, а при појава на екстремни врнежи, и локални излевања на поедини места. Ова особено се однесува на водотеците во југоисточниот дел на земјава каде според прогнозите е можна појава на пообилни врнежи, велат од УХРМ.
Предупредуваат на внимателно движење покрај малите реки и суводолиците каде е очекувано брзо надоаѓање на поројни води и каде има опасност од појава на свлечишта и одрони.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани