УХМР најавува пороен дожд и грмежи, еве кога и каде ќе истури денеска
Времето денеска претежно сончево и топло, на повеќе места со надпросечни дневни температури на воздухот за овој период од годината. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови.
Ќе дува засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.
Во Скопје температура до 35 °C.
Времето утре 12.09.2017 : Утре предпладне сеуште ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, во текот на денот постепено ќе престануваат. В среда ке има услови за краткотраен локален дожд. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време, и малку посвежо, но понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево