УХМР најавува пообилни врнежи, особено во текот на ноќта и локално услови за невреме со силен ветер

УХМР предупредува дека денеска наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.
Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Според УХМР, во Скопје следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
