УХМР најавува период на сончево време со свежи утра
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 32 Д. Капија, Гевгелија, 30 Скопје, Штип, 29 Струмица, Виница, 28 Тетово, 26 Тополчани, Кр. Паланка, Прилеп, Ѓуриште, 25 Берово, 24 Претор, Пожаране, 22 Охрид, 18 Маврово, 17 Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот: Лазарополе и Охрид со помалку од 1 литар на квадратен метар.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, во планинските делови имаше зголемена облачност, а до пладневните часови понекаде на запад имаше и појава на слаб локален дожд. Попладне облачноста се намали и малку повеќе се уште ја има на истокот. Преку денот дуваше умерен претежно југозападен ветер, кој на повисоко и во Штипско повремено засилуваше.
ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА: Ќе се задржи мала облачност, која ќе е поголема во планинските региони. До изутрина повеќе облачност ќе има на северот и северозападот. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а претпладне на југозапад со умерен западен ветер. УВ=6 Т-мин. од 9 до 17 а т-мин. 25 до 32 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 15 до 30 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на сончево време со свежи утра, а преку денот ќе биде се потопло. За време на викендот дневните температури насекаде ќе бидат над просекот, а тогаш се очекува и умерен до засилен ветер од југозапад.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација