Македонија
21. May 2017 - 12:05

УХМР најавува нов влажен бран и пад на температурата

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 2 Прилеп, 4 Дојран.
 
Времето денес: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а поинтензивни процеси со пообилни врнежи ќе има во јужните делови од земјава. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 27 степени. 
 
Во Скопје температура до 22 °C.
 
Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи. Утре врнежите ќе бидат локални и послаби, а повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има во вторник.
 
Од среда ќе биде и посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер.