-->
-->
УХМР најавува големо невреме и температури под нулата
-->

Времето денеска сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степени.

Утре се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, проследена со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има и врнежи од снег. Од утре до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Поварадрието.
Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата.
Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Тетово, Битола, Прилеп и Берово со измерени -4
-

Скопје утрово е најзагаден град во Европа
-

Албанезе нареди безбедносна ревизија по нападот на плажата Бондај
-

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата
-

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
