Бизнис
18. December 2020 - 16:37

Угостителите со претставка до Уставен тврдат дека се дискриминирани

Угостителите извисија. Не добија одговор за средба во Владата. Сега правдата ќе ја бараат преку Уставниот суд каде доставија претставка со која бараат да се преиспита законитоста на одлуката, од денеска да имаат дозвола за работа   до 18 часот. Велат мерката е селективна, а вината за ширењето на заразата постојано се вперува само во нив. Новата мерка нема значително ќе ја продлабочи загубата во секторот. Бараат итни мерки за санирање на штетите.

Од владата велат дека мерката за ограничувањето на рабонтот време останува на сила досека комисијата не предложи нови. Но во слендиот период ќе разгледува нов пакет на мерки за  секторот, иако досега тие биле најмногу помогнати.

Со новата одлука на Владата од денеска, па се до 21 јануари угостителите ќе работат до 18 часот. Мерката која беше донесена како превенција за ширењето на заразата, според пресметките на угостителите ќе нанесе штета во секторот  до 22 милиони евра.