Loading Video...
Македонија
20. May 2020 - 16:46

Угостителите ќе ги отворат локалите следната недела, најверојатно во вторник

По празничниот карантин викенд отворање на угостителските објекти. Министерот за здравство Филипче посочи дека ако се донесе одлука до крајот на недела, веќе во вторник угостителите ќе можат да ги отворат летните тераси. Отворањето на угостителските објекти  неколку пати се пролонгира.

Во меѓувреме угостителските работници бараат регулирање на нивното работење, односно пријавени на полно работно време, платени празници, викенди, прекувремена работа, исплата на к-15 , бенифициран стаж. Велат дека во секторот се регистрирани околу 20 илјади работници, а работат околу 80 илјади.

Угостителите се едни од најпогодените од кризата со пандемијата и многумина од работиците  во секторот останаа без работа. Сепак од синдикатот велат дека немаат точна бројка колку од нив седат дома, затоа што  од отпуштените работници има и такви кои работеле непријавени на црно.

За период од седум дена пазарните инспектори затвориле 14 угостителски поднесени се и две кривични пријави.