Угостителите бараат намалување на давачките кон ЗАМП
Да се намали бодот за наплата на користењето авторските музички дела во угостителските објекти од сегашните четири на два денара, а тарифирањето да не биде според големината на објектите, туку според нивната искористеност, бараат хотелиерите.
Тие, како што беше речено денеска во Стопанската комора, бараат и намалување на процентот од приходот собран при организирањето забави, приредби, свадби, што исто така се должни да му го платат на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАПМ), од дефинираните 12, на најмногу шест отсто, како и да бидат вклучени во изготвувањето на измените на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела со цел намалување на давачките.
- Не сме за неплаќање тарифа кон ЗАМП, само сметаме дека мора да се изнајде рационален модел на пресметка, односно правилно фактурирање, истакна потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Комората Славе Сирачевски на прес-конференција.
Според него, не може давачките за сите да бидат исти зашто дел од хотелите и другите туристички капацитети не се секогаш целосно пополнети. Во руралните средини искористеноста е 25 до 40 отсто. Од друга страна, немаат сите жива музика, ниту пак сите пуштаат музика.
- Не држи образложението на ЗАМП дека наводно во собите има телевизори, бидејќи гостите можеби гледаат филмови, а не слушаат музика, нагласи Сирачевски.
Годишните извештаи за работата на ЗАМП кои се јавно достпани, покажуваат драстично зголемување на вкупните приходи во 2014-та.
- Вкупните приходи на ЗАМП за една година пораснале на 55,8 отсто, од 87 милиони денари во 2013 година на 135.520.265 лани. Во делот за наплата, пак, по основ на апарати за механичка музика и дел за жива музика каде влегуваат хотелиерите и угостителските објекти, приходите на ЗАМП пораснале за 23,6 отсто или од 8.990.920 денари на 11.114.842 денара, информира Даниела Василевска Михајловска од Стопанската комора.
Таа укажа дека нема детален извештај на кои се субјекти им се исплатени овие средства, ниту има информација колку од хотелите и угостителските обејтки подлежат на плаќање давачки кон ЗАМП.
- Тоа се и нашите клучни барања, одговор на овие две прашања. Дали сите угостителки објекти се обременети со давачките кон ЗАМП и кој се е корисник на овие средства, потенцира Василевска Михајловска.
Здружението на угостителството и туризмот во 2013 година алармирало до ЗАМП за проблемите, но не добило никаков одговор. Потоа реагирало до Министерството за култура како надлежно за спроведување на Законот за авторското и сродните права, од каде било информирано дека ЗАМП треба да интервенира во Правилникот што до денес, рече Василевска Михајловска, не е сторено.
- Летово имавме состанок со претставници на ЗАМП, но повторно, резултат нема. Затоа уште еднаш со допис се обративме до Министерството од каде добивме повратен одговор дека постапката за давање согласност на предлог-тарифата на ЗАМП се уште е во тек, објасни Василевска Михајловска.
Согласно анкетата што ја спроведе Здружението на угостителството и туризмот меѓу своите членки, годишниот трошок за ЗАМП достигнува и до 12.000 евра. Помали хотели од внатрешноста со 30 отсто искористеност на капацитетите, имаат обврска дневно да плаќаат по 1.200 денари или 450.000 денари годишно (7.500 евра) што е нереална сума, оценува Здружението.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства