Живот
11. July 2016 - 21:03

Угостители внимавајте: Турист јаде со семејството и одеднаш вади кесичка со инсекти

Полски турист се обиде филмски да избегна плаќање на сметка во слаткарница во Ровињ, Хрватска. Тој со своето семејство јади сладолед, а на крај вади кесичка со инсекти и става во празната чинија.

По ова, прави галама и се буни кај келнерот, кој со извинување му вели дека не мора ништо да плати.

Кога подоцна го гледаат видеото, угостителите сфаќаат дека биле насамарени.

Од слаткарницата праќаат апел до своите колеги да внимаваат на ваквите туристи, кои може да им направат и многу посериозни проблеми од едно неплаќање на сметка.