-->
-->
Угина мајмун во скопската Зоолошка
-->
Во скопската Зоолошка починал мајмун од расата патас. За угинувањето нема официјална потврда од Зоолошката градина.
Ова се случува непосредно по смртта на седум берберски овци, за која од Зоолошката се огласија пред само два дена.
Од Зоолошката соопштија дека инспектор од Агенција за храна и ветеринарство и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина ја отпочнале постапката за обдукција на угинатите единки.
- Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и по добивање на резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните, беше наведено во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Зоолошката градина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот