-->
-->
УЕФА: Во Србија наместен прволигашки меч
-->

Европската фудбалска унија (УЕФА) го информирала Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) дека натпреварот Нови Пазар-Спартак бил наместен. ФСС, како што објави „Спортски журнал“, веднаш ја започнал истрагата за да утврди што се случувало на овој натпревар.
Дуелот Нови Пазар-Спартак завршил со победа на гостите 2:4, а првите сомнежи дека работите не се „чисти“ се појавиле по завршувањето кога неколкумина играчи на Нови Пазар се пофалиле со тикети од обложувалници каде се обложиле дека нивниот тим ќе загуби.
Претседателот на Спартак, Драган Симовиќ, негирал поврзаност на неговите играчи со евентуалните нерегуларности, додека од Нови Пазар никој не бил подготвен да даде изјава.
Инаку, претседателот на ФСС, Славиша Кокеза, најави дека за сите екипи за кои се докаже дека местеле натпревари ќе бидат жестоко казнети, а Дисциплинската комисија при ФСС веќе отворило истрага за шест натпревари во понискиот ранг на натпреварување во Србија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
