-->
-->
УЕФА: ПСЖ мора да „продаде“ 8 играчи!
-->

Нови проблеми во ПСЖ по судирот на релација Нејмар - Кавани околу пеналите. УЕФА му се закани на францускиот гигант со исфрлање од ЛШ откако не го исполнил барањето по трансферот на Нејмар да продаде осум фудбалери....
Откриено барањето на UEFA кое францускиот шампион не го исполнил, па сега се соочува со елиминација од европската елита.
Дали ПСЖ се наоѓа пред исфрлување од Лигата на шампионите?
Ал- Келаифи и управата немале друго решение, па на трансфер листа биле ставени Ди Марија, Пасторе, Матуиди, Мура, Дракслер, Бен Арфа, Орије и капитенот Тијаго Силва.
Заминаа само двајца Орије и Маутиди за вкупно 45 милиони евра. Тоа не го реши проблемот, па сега се чека јануари.
Парижаните мораат да продадат уште неколку играчи, Бен Арфа кој не е во конкуренција одбива да замине, како и Дракслер, Пасторе би можел да се врати во Италија, а има интерес и за Лукаш Мура, пред се од Интер.
Во случај ПСЖ да не успее во продажбата на овие фудбалери и тоа на зима, бидејќи следното лето не се смета, ќе се соочи со исфрлување од Лигата на шампионите.
Проблем е што во јануари трансферите од овој тип не се чести, па некои играчи би можеле да бидат испратени на позајмица со обврска да бидат купени на крајот од сезоната.
Во секој случај уште најмалку тројца или четворица играчи мораат да бидат продадени, или како што пренесуваат медиумите, од следната сезона нема да го гледаме ПСЖ во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје
-
Судска медицина работи на обдукција и идентификација
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
-
Повредените сместени во странски центри се под постојан медицински надзор
-
22 дискотеки и кабареа работат со лиценца во Македонија според регистерот на Министерство за економија