-->
-->
УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Литванија поради навредливи скандирања за Путин
-->
Претседателот на Литванската фудбалска федерација, Едгарас Станкевичиус изјави дека УЕФА ја казнила организацијата поради навредливи скандирања на навивачите за рускиот претседател Владимир Путин.
Скандирањето се слушна за време на натпреварот на литванската репрезентација против Србија (1:3) на квалификацискиот турнир за ЕП 2024 година.
Казната изнесува 10 илјади евра.
Според Станкевичиус, цитиран од ЛРТ, ова скандирање се слушало и на претходниот натпревар на литванската репрезентација, но тогаш делегатот од Шпанија овој момент не го запишал во извештајот.
На натпреварот Литванија - Србија како делегат работеше Куаниш Канапјанов од Казахстан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот