Беше оспорен и акронимот „МКД“ кој се користи за Северна Македонија на ЕВРО 2020, Грција бара да се користи акроним што одговара на новото име, како што е ‘NM’ (North Macedonia) или алтернативно ‘RNM’ (Republic of North Macedonia)”.
Европската куќа на фудбалот сега и одговори на Грција, во писмото испратено од заменик генералниот секретар, Кевин Ламур се вели дека УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа.
УЕФА исто така потенцира дека во службената комуникација го користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.
Европската куќа на фудбалот исто така додава дека нема да дозволи европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки и ќе продолжи да ја штити праксата на неутралност.