-->
-->
УЕФА дозволи Олимпијакос да игра ЛШ
-->
УЕФА објави дека грчкиот шампион Олимпијакос ќе се натпреварува во Лигата на шампионите откако спортскиот суд ја одбил жалбата на градскиот ривал Панатинаикос.
Панатинаикос, кој минатата сезона го освои второто место во грчкото првенство, во јуни упати жалба до УЕФА бaрајќи на Олимпијакос да не му се дозволи учество во Лигата на шампионите, бидејќи претседателот на овој клуб Вангелис Маринакис наводно бил вмешан во криминални активности, меѓу кои и местење на натпревари во домашната лига.
УЕФА во своето образложение наведува дека „ниту грчкиот сојуз, ниту, пак, кривичниот суд во Атина немаат донесeно конечна одлука против Маринакис или против клубот“.
Инаку Панатинаикос веќе го заврши учеството во Лигата на шампионите, откако во двомечот од третото квалификациско коло беше елиминиран од Бриж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје