Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите

Тренерот на Хјустон рокетс, Имеи Удока, е казнет со 25.000 долари за јавно критикување на судењето во нивниот натпревар со Денвер (125:128 по продолжение), објави НБА-лигата.
На прес-конференцијата по натпреварот одигран во вторникот, 48-годишниот тренер изјави дека квалитетот на судењето на натпреварот бил многу лош.
- Двајца (судии) не требаше ни да бидат на теренот, а главниот судија се однесуваше како да има треска од славни личности, па видовме сосема неконзистентни одлуки. Сигурен сум дека требаше да имаме уште неколку технички фаули, рече Удока по натпреварот.
Според „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на извештај од НБА, во продолжението биле направени три грешки, сите во корист на Денвер.
Хјустон е петти на табелата во Западната конференција со резултат од 16 победи и седум порази.
МИА
Ново на Сител
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
-

Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-

Облачно со повремен снег
